Европарламентот со предлог за правични минимални плати во ЕУ
![Европарламентот со предлог за правични минимални плати во ЕУ](https://gdb.rferl.org/23e9a0e9-729b-4315-a76b-f6bd5d4a4102_w800_h450.jpg)
Европскиот парламент работи на предлог од Европската комисија што треба да обезбеди минималните плати во ЕУ да обезбедат пристоен живот. Пандемијата на коронавирусот уште еднаш ја истакна потребата од фер минимални плати во ЕУ, се наведува во соопштението од Парламентот. Се потсетува дека многу од работниците кои беа на „првата линија на одбрана“ против пандемијата, како оние што се грижат за деца, здравствени работници, чистачи, работат на минимална плата. Иако сите членки на ЕУ имаат одредена практика за минимална плата, оваа придобивка често не ги покрива трошоците за живот.
Короната добар момент за дијалог за минимална плата во ЕУ
Како што е наведено, седум од десет работници со минимална плата во ЕУ имаа потешкотии да „врзат крај со крај“ во 2018 година. Се додава дека околу десет проценти од европските работници се изложени на ризик од сиромаштија, како и дека жените сочинуваат речиси 60 проценти од оние кои работат за минимумот во ЕУ. Износот на минималната плата во ЕУ варира многу од земја до земја и во 2020 година од 312 евра во Бугарија, на 2.142 евра во Луксембург. Една од главните причини за толку широк опсег е разликата во трошоците за живот во земјите на ЕУ.