ХОТАМ: на гостите во хотелите не им треба потврда за вакцинација
„Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за вакцинација нема да требаат за служење пансион и за над 30 гости од хотелот. Ќе пробаме во најдобар ред да ги почитуваме времените мерки и што побрзо да излеземе од овие лоши времиња“, рече Блажески.
Нема ковид - пас за прележаните
Првиот човек на ХОТАМ наглaси дека и натаму ќе останат да ги почитуваат протоколите со постојано дезинфекција, задолжително растојание во рестораните и не повеќе од четири лица на една маса.
„Затекнати сме, 16 август е на две недели од крајот на сезоната. Ваквите мерки влијаат психички кај гостите, некои ги откажуваат аранжманите, други пак што планирале да користат летен одмор во некое туристичко место во земјава сега се во недоумица“, додаде Блажески, нагласувајќи дека семинарите веќе се откажувале.
Смета дека требало порано да се реагира во однос на организирањето поголеми собири, како што беа многубројните забави на охридско-струшката ривиера изминатиот период.
Ниеден вакциниран меѓу починатите од КОВИД-19 минатата недела, невакцинирани се 87,1 отсто од новите случаи
Според новите мерки кои ги донесе владата за спречување на ширењето на короновирусот од понеделник на сите полнолетни луѓе при влез на секаков вид објект, вклучително и отворени делови на угостителски објекти со повеќе од 30 присутни лица ќе им се бара задолжителна потврда за извршена имунизација, барем со една доза. Ковид сертификат нема да се бараат за во маркети и за во трговски центри, туку само за организирани настани.
По најавувањето на новите мерки се зголеми и интересот за вакцинација против Ковид19, а од Министерството за здравство денеска соопштија дека пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден исто како и секој друг работен ден.