Радев: се уште има можности за формирање влада
На прашањето на која политичка сила ќе му го предаде третиот мандат, откако има најава дека вториот ќе биде вратен од ГЕРБ-СДС, Радев одговори дека ќе одлучи откако ќе се запознае со идеите на партиите за формирање влада.
„Не можеме да се однесуваме кон бугарските граѓани на неодговорен начин. Не можеме да ги оставиме луѓето во претстојна пандемиска криза без финансиска и социјална поддршка за бизнисот, здравството и медицинските лица од прва линија“, рече Радев.
Политичкиот заплет во Софија, не е охрабрувачки за Скопје
Парламентарните избори во Бугарија, втори по ред годинава, се одржаа во јули. Најмногу пратенички места освои партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“, а втора е ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. Оваа недела кабинетот кој го соопшти Трифонов во јавноста наиде на критики од партиите кои требаа да му дадат поддршка, па воопшто и не се стигна до гласање во парламентот, откако Трифонов го повлече предлогот и побара да се оди на нови избори.