Ниеден вакциниран меѓу починатите од КОВИД-19 минатата недела, невакцинирани се 87,1 отсто од новите случаи
Бизнисот со ПЦР тестови „цвета“
Министерството за здравство соопшти дека почнува на неделно ниво да прави редовни анализи за процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од КОВИД-19 во државата и ќе ги објавува секој петок за да ја информира јавноста. Притоа, за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од аплицирањето на втората доза.
Во соопштението МЗ апелира граѓаните да се вакцинираат зашто само така ќе се постигне колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на вирусот. Укажува дека секоја вакцина која е на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.