Авганистанските власти на итен состанок за талибанската офанзива
Талибанците го заземаа вториот авганистански град во земјата Кандахар претходно денеска со што милитантната група постигна значајна победа откако ја почна офанзивата по повлекувањето на силите предводени од Соединетите Американски Држави. Вкупно талибанците заземаа пет провинциски главни града во последните 24 часа, некои и без да наидат на отпор.
„Немаме избор“: илјадници Авганистанци бегаат пред талибанците
Британскиот секретар за одбрана Бен Валас денеска предупреди дека Авганистан е на работ да стане неуспешна држава која може да испрати покана за враќање на терористичката мрежа на Ал-Каеда. Во радио интервју тој оцени дека повлекувањето на меѓународните сили од земјата било грешка што се направило на тој начин, додавајќи дека тие како меѓународна заедница најверојатно ќе платат за последиците од тоа. Валас додаде и дека западот може да се врати во Авганистан ако талибанците станат домаќини на Ал-Каеда.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја потврди поддршката на својата земја за инклузивно политичко решение во Авганистан додавајќи дека за жал талибанците одлучиле да се обидат да ја решат ситуацијата преку употреба на воена сила.