Американскиот министер за одбрана во посета на Авганистан
Претседателот на САД, Џо Бајден минатата недела во телевизиско интервју изјави дека ќе биде „тешко“ Вашингтон да го испочитува рокот од 1 мај за повлекување на војници од Авганистан, кој е крајниот рок утврден во договорот меѓу администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп и талибанците. Бајден рече дека дури и да се продолжи рокот, тоа нема да биде за многу подолго.
Меѓународна конференција за мировниот процес во Авганистан
Талибанците на 19 март предупредија на последици доколку Вашингтон не го испочитува крајниот рок. Сухаил Шахин, член на талибанскиот преговарачки тим изјави дека ако американските трупи останат и по 1 мај „тоа ќе биде еден вид кршење на договорот. Таа повреда не би била од наша страна. . . Нивното кршење ќе има реакција“.
Авганистанската влада ги обвинува талибанците дека премалку сториле за да го запрат насилството од почетокот на разговорите во Катар.