Во болниците од ковид се лекуваат 1329 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 751 пациент позитивен и суспектен на коронавирусот. Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и ковид центар на Клиниката за пластична хирургија.
Утре завршува полицискиот час, Филипче не ја исклучи можноста за нови мерки
Во тек на денот, како што наведуваат од министерството, се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството, според соопштението, има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.