Починати 25, заболени 642, а оздравени 524 пациенти од корона
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 до 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, 3 од Тетово, по 2 лица од Прилеп, Гостивар и Кавадарци и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Во болниците од ковид се лекуваат 1329 пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.