Вкупно 589 пациенти се лекуваат во ковид центрите, слободни околу 400 кревети
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
Полицискиот час го прекршиле 29 лица, 544 не носеле маски
Во меѓувреме во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло. Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 32 оздравени пациенти.