Најмалку осум мртви и 50 повредени во екслозија на бомба во Авганистан
Гувернерот на Херат, Абдул Вахид Катали, за РСЕ изјави дека девет припадници на безбедносните сили се меѓу жртвите. Портпаролот на гувернерот Катали, Jaаилани Фархад соопшти дека меѓу повредените има и жени и деца, а во експлозијата биле оштетени десетици домови и продавници.
Портпарол на Талибанците негираше дека групата го извршила нападот, но Министерството за внатрешни работи на Авганистан ги обвини токму талибанските борци.
Напади во Авганистан и покрај мировните преговори
Синоќешната експлозија е последниот пример за ескалација на насилството во период кога мировните разговори меѓу Талибанците и авганистанската влада се во мирување. Соединетите Држави прават дипломатски притисок да ги унапредат разговорите, бидејќи новата администрација на претседателот Џо Бајден го заврши прегледот на договорот со Талибанците за отстранување на американските трупи од земјата до мај.