Зголемена бројката на приеми во ковид-центрите
Со вчера регистрираните новозаболени, бројката на активни случаи во земјава достигна 10.872. Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19, вкупната бројка на инфицирани со коронавирусот од почетокот на епидемијата достигна 111.077, на оздравени пациенти 96.925, а на починати 3.280.
Во Македонија 868 нови ковид случаи и 15 починати
Министерството за здравство посочи дека бројот на приеми во ковид-центрите во изминативе денови е зголемен, поради што е отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.