Кина планира да вакцинира 80 отсто од населението до крајот на годината
„Се надеваме дека Кина ќе може да го преземе водството во светот во постигнувањето масовен имунитет“, рече тој.
Таков имунитет се постигнува кога го имаат доволен број жители, или поради вакцинација или поради претходно прележана инфекција. До крајот на февруари, Кина даде 52,5 милиони дози вакцина. Скоро 10 пати повеќе луѓе се вакцинирани со кинески вакцини во странство отколку дома.
Кина издава пасоши за вакцини иако СЗО не ги препорачува
Кина одобри четири домашни вакцини - две од Синофарм, Синовак и КанСино. Ниту за една одобрена вакцина не е јавно спорведена последната фаза од тестирањето.