Мал пораст на новозаболени од ковид-19, пад на смртност
Во овој период, според најновиот извештај на ИЈЗ, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела.Во однос на возраста, 64 лицa биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.
Во најголем дел од државата се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во Виница и Дебар се забележува минимално зголемување, додека позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Крушево, Берово и Македонски Брод.
Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 801 лица што е за 8,6% помалку во споредба со минатата недела , а од нив 259 се на кислородна поддршка и 11 на механичка вентилација.