Направени 591 ковид тестови - 129 нови случаи и 22 починати
„Пријавени се девет починати пациенти од Прилеп, од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68). Другите починати се тројца пациенти од Скопје (44, 61 и 67), еден од Куманово (88), еден од Дебар (43), од Штип (64), двајца од Струга (86 и 78), еден пациент од Велес (75), од Битола (58), од Гевгелија (72.), од Делчево/Македонска Каменица (86) и еден пациент од Кичево (69). Новите случаи се регистрирани во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1“, соопшти МЗ.
Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите
На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ државата лежат 1.197 пациенти и има околу 280 празни болнички кревети во Ковид-центрите. Институтот за јавно здравје регистрирал 1.122 оздравени пациенти во последното деноноќие.