Времето денеска облачно со засилен ветер
Долж Повардарието попладне ќе дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се прошири насекаде. Дневната темература ќе се движи од девет до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, а попладне со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне десет степени.