Помпео го поздрави договорот за Нагорно Карабах, но повика на трајно решение
Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави договорот за прекин на огнот во Нагорно-Карабах, постигнат меѓу Ерменија и Азербејџан, но повика да продолжат разговорите што е можно побрзо за да се постигне „трајно“ политичко решение. Во изјавата по пристигнувањето во Тбилиси, Грузија тој рече дека крајот на неодамнешните конфликти е само првата фаза кон преговарачко мирно решение на конфликтот во Нагорно Карабах.
Технологијата и Турција стојат зад воената победа на Азербејџан во Нагорно Карабах
Помпео додаде дека Соединетите држави ги повикуваат сите страни да продолжат со преговорите со Русија, Франција и Соединетите држави, медијатори во рамките на групата Минск, со цел да се бара трајно и одржливо политичко решение без прибегнување кон сила и почитување на територијалниот интегритет и правото на самоопределување. Средбата на трите земји ко-претседавачи со групата Минск е закажана за денеска во Москва. Примирјето беше склучено на 9 ноември под покровителство на Русија.