Лајен: Брисел очекува позитивно решение за интеграција на Северна Македонија во ЕУ
Како што соопшти владината прес-служба, на разговорот, на кој присуствувале вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Заев изразил благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија .
Премиерот Заев ја информирал претседателката на ЕК Фон дер Лајен и за тековните разговори со Република Бугарија и ги презентирал позициите на Северна Македонија.Во тој контекст, како што се наведува во соопштението, Заев се заблагодарил за личниот ангажман на претседателката на ЕК, како и на сите еврокомесари, особено нагласувајќи го ангажманот на овој план на германското претседателство со ЕУ и за посветеноста да се најде решение, кое ќе биде успех за Северна Македонија, за Република Бугарија, за ЕУ и за Западен Балкан.