Мицкоски: Останете дома !
„ Секоја човечка загуба е дел од нивната одговорност. Болниците се полнат, медицинскиот персонал е преморен, ова е тежок пораз за државата а цената ја плаќаат граѓаните. Нема доволно термини за тестирање а Филипче кажува дека граѓаните доцна се пријавувале за третман. Јас им верувам на граѓаните, но ми се чини дека министерот Филипче изгубил контакт со реалноста од држење на прес конференции на кои ни ги соопштува црните статистики и задоцнетите мерки“ истакна Мицкоски во своето обраќање кое се емитуваше во живо на социјалната мрежа Фејсбук.
Мицкоски вели дека опозицијата неколку пати досега апелирала да се ослободат хронично болните од приватниот и јавниот сектор.