Во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи
Од денеска, приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итни случаи и оние кои се заболени од Ковид-19. Ова е пропишано со указ издаден синоќа од министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар.
Универзитетскиот клинички центар во Словенија и неколку други болници започнаа да ја применуваат оваа мерка пред неколку дена, а со указот се пропишува нов режим на работа за сите здравствени установи во Словенија, јавуваат агенциите.
Пациентите на онкологија, бремени жени, неонатологија и вакцинации не се опфатени со новата мерка на словенечкото Министерство за здравство, како и итни интервенции опасни по живот на пациенти.
Од денеска во болниците ќе се вршат само најитните, неодложни хируршки интервенции, а Министерството ќе проценува на 14 дена дали овие мерки мора да останат во сила или не.
Во последните 24 часа, во Словенија се регистрирани речиси 2.000 нови заболени од Ковид-19, 449 хоспитализирани и 63 на интензивна