Словенија за прв пат со полициски час поради пандемијата
Воведувањето полицискиот час во главниот град беше прилично мирно, по 21 часот улиците беа празни ,додека во Марибор стотина демонстранти се собраа на главниот плоштад и извикуваа дека полицискиот час не е уставен.
Карантин во седум од 12 региони во Словенија
Премиерот Јанез Јанша, како реакција на протестот, на Твитер објави дека Словенија веќе има над 1.100 новоинфицирани лица во последните 24 часа и ги повика луѓето да станат сериозни.