Француската полиција во акција на осомничени за соучество во обезглавувањето на учител
Француските власти соопштија дека денеска се одвивале повеќе полициски операции во врска со убиството на учител по француски јазик од страна на осомничен исламист. Наставникот по историја Самуел Пети беше обезглавен на 16 октомври пред неговото училиште во Конфланс-Сант-Онорин, во северното предградие на Париз, од страна на 18-годишник, кој потоа беше застрелан од полицијата. Напаѓачот, кој бил етнички Чеченец роден во Русија, живеел во градот Евреу северозападно од Париз. Тој претходно не им бил познат на разузнавачките служби.
Според полициски извори во текот на денот биле приведени 15 лица осомничени за инволвираност во инцидентот меѓу кои и претходно осудувано лице за злосторства поврзани со тероризам и кој признал дека имал контакт со убиецот.
Илјадници се собраа во Париз да му оддадат почит на убиениот наставник
Убиството предизвика гнев во Франција како и осуда од претседателот Емануел Макрон и политичките партии. Министерсвото за внатрешни работи денеска соопшти дека во Франција се водат околу 80 истраги за говор на омраза преку Интернет.