Османи во посета на Словенија и Хрватска
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во официјална посета на Словенија, каде што ќе има средба со министерот за надворешни работи, Анже Логар. Во рамките на посетата на Словенија предвидени се и средби со претседателот на државата Борут Пахор, како и со претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчич. Османи, по денешната посета на Словенија, утре заминува во работна посета на Република Хрватска, каде што покрај средбата со домаќинот, министерот за надворешни работи, Горан Грлиќ – Радман, ќе оствари средби и со премиерот, Андреј Пленковиќ, како и повеќе средби во рамките на хрватскиот Парламент.
Османи: Неуспех за сите е ако нема меѓувладина седница во декември
Од МНР наведуваат дека фокус на средбите се очекува да биде европската интеграција на Република Северна Македонија, постигнатиот реформски напредок и одржувањето на добрососедските односи, реафирмирајќи ги притоа очекувањата за поддршка од страна на нашите пријатели за почеток на преговорите во рамките на Германското претседателство со ЕУ, до крајот на годината.