МОН: 107 позитивни наставници и ученици, 12 се од физичка настава
Од активните случаи во средно образование, ниту еден од учениците и наставниците не учестувале во настава со физичко присуство и согласно тоа немале контакт со остатокот од учениците или наставниот кадар.
МОН: Да се почитуваат корона мерките и надвор од училиштата
„Учениците кои следеа настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради КОВИД-19, учењето го продолжуваат од далечина, со што има континуитет во образовниот процес. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Затоа, МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита“, соопшти МОН.
Министерството информира и дека успешно се спроведува наставата од далечина и околу 87 проценти од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкоти. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет-конекција потсетува дека часовите се емитуваат на Македонската радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.