Заев на средба со членовите на Комитетот за историски прашања со Грција
Премиерот на Зоран Заев денеска остварил средба со членовите на македонскиот дел на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања формиран меѓу Северна Македонија и Грција согласно Договорот од Преспа, соопшти владината прес-служба.
Договорот од Преспа двете земји го потпишаа во јуни 2018 година, со што беше ставен крај на долгогодишниот спор за името Македонија.
Во денешното владино соопштение се вели дека при размена наа мислења на средбата било констатирано дека е постигнато ниво на конструктивна соработка во Комитетот во рамки на одредбите од Договорот од Преспа.
Исто така се вели дека се утврдени заеднички правци за постигнување решенија за препораките кои Комитетот треба да ги достави до владите на двете земји „како основа за изнаоѓање конкретни решенија за историските наративи кои ќе ги едуцираат идните генерации во европскиот дух на разбирање и соработка“, се вели во соопштението.
Со Интердисциплинарниот комитет претседава амбасадорот Виктор габер, а членови се професор д-р Ана Чупеска, професор и политиколог д-р Људмил Спасов, професор лингвист, проф. Фехари Рамадани, професор и историчар, д-р Далибор Јовановски, професор и историчар, и д-р Никос Чаусидис, професор и археолог, и во отсуство на д-р Кица Колбе.