Нов протест на мајките на деца до 6 години и на продолжено породилно
Мајките сметаат дека високите бројки на заразени со Ковид-19 деновиве и неколкуте случаи на инфицирани деца и вработени во градинките се голем ризик за нивните деца. Тие бараат итно укинување на одлуката за враѓање на работа од 23 септември и нејзино пролонгирање до крајот на годинава.
Родителите на бебиња и деца до шест години на протест пред владата – бараат да не одат на работа до Нова година
По минатонеделниот нивен протест, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека Владата не ги прифатила нивните барања кои тие ги доставија во четвртокот.