Нови 127 заразени и петмина починати од ковид-19
Во изминатово деноноќие се регистрирани вкупно 127 нови случаи на заболени од ковид-19, потоа пет починати пациенти и оздравени 95 пациенти. Починати се пет лица, и тоа пациентка од Куманово (61), пациент од Штип (81) и двајца пациенти од Гостивар (76 и 81) и еден пациент од Прилеп (53).
Од министерството за здравство велат дека најмногу регистрирани активни случаи има во Скопје каде што бројката изнесува 761, потоа во куманово каде што има 287 активни случаи на заразени со коронавирус и Прилеп каде што бројот на активни случаи порасна на 150. Најмалку активни случаи на заразени со ковид-19 има во Ресен и Крушево каде се регистрирани по еден активен позитивен на коронавирус.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, бројката на оздравени пациенти е 12.149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235.