Премиерот на Ирак на средба со Трамп во Вашингтон
Ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими кој престојува во Вашингтон денеска треба да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Главна агенда е присуството на 5.000 американски трупи распоредени во Ирак. Кадеми, кој ја презеде функцијата во мај, се соочува со предизвици од Хашид ал-Шааби, коалиција на ирачките шиитски паравоени групи кои имаат блиски врски со Иран и кои бараат напуштање на американските војници од Иран.
Во Ирак нападнат конвој кој носел опрема за американската војска
Како што Техеран и Вашингтон се натпреваруваат за влијание во Ирак, се зголемува и јазот меѓу проиранските фракции и премиерот кој е пријателски настроен спрема САД. Во меѓувреме, во Ирак се зголемува бројот на нападите врз американски цели од страна на проиранските борци.