Помпео: Наградувала ли Русија Талибанци за убивање Американци?
Тој во интервјуто вели дека никогаш не коментира разузнавачки извештаи.
„Никогаш не коментираме американски разузнавачки податоци, дури и ако некој репортер реши дека мисли дека знае што се случува. Она што го кажавме е следново: Доколку Русите нуделе пари за убивање Американци, или други од Западот, ќе платат огромна цена за тоа. Тоа е она што му го кажав на Лавров. Знам дека нашите команданти разговарале со нивните, исто така. Тоа нема да го дозволиме. Тоа нема да го толерираме“, изјави Помпео.