Трамп: Напаѓачот на маратонот во Бостон заслужува смртна казна
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осудениот за убиство на три лица за време на нападите на маратонот во Бостон во 2013 година заслужува смртна казна. Апелациониот суд во Бостон на 31 јули ја укина смртната казна за Џокар Царнаев, натурализиран американски државјанин со потекло од Чеченија која заедно со неговиот брат го изврши бомбашкиот напад во кој беа повредени стотици лица.
Федералниот суд нареди да се спроведе ново судење за да утврди каква казна треба да ја добие 27 годишниот Царнаев, бидејќи се утврди дека судијата кој го надгледувал случајот не довел доволно веродостојни поротници.
„Ретко кој ја заслужил смртната казна повеќе од бомбардерот во Бостон, Џокар Царнаев. Федералната влада повторно мора да ја бара смртната казна во случај на престанок на тоа поглавје од првичното судење“, напиша Трамп на Твиер.
Поништена смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон
Царнаев по околу две години од нападот во 2015 година беше осуден на смртна казна за убиство на три лица и повредна на околу 260 лица на маратонот во бостон.
Напаѓачот од маратонот во Бостон осуден на смрт