ОЈО: Нема основ за постапување за работата на ОТА и АНБ
![ОЈО: Нема основ за постапување за работата на ОТА и АНБ](https://gdb.rferl.org/963612D8-6B1C-4334-86AE-CC4CE53FCC62_w800_h450.jpg)
Јавното обвинителство оцени дека нема основа за постапување на јавен обвинител во врска со реформите во безбедносниот систем, односно работата на Оперативно-техничката агенција (ОТА) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а по писменото известување на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, во кое посочува на „кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење во службата поврзани со определени недоследности во функционирањето“.
Чулев бара истрага за Агенцијата за национална безбедност
ОТА - Невистинити се тврдењата на министерот Чулев
„Надлежниот јавен обвинител направи проверки во МВР, во ОТА и во АНБ, од каде што беа доставени потребните податоци за проверка наводите во известувањето. Од анализата на писменото известување, како и на доставените одговори и податоци, произлезе дека реформата на безбедносниот систем, основањето и функционирањето на ОТА и на АНБ, како и начинот на извршување на нивните надлежности, претставуваат системски прашања и од кривично-правен аспект не постои основ за постапување“, соопшти ОЈО Скопје.