На претстојниот државен празник Илинден во Крушево ќе оди државна делегација предводена од претседателот на Собранието, соопшти владината прес-служба, по одржаната седница. На прославата во Скопје ќе присуствува делегација предводена од премиерот, а во Пелинце делегацијата ќе ја предводи претседателот на државата. Утврдена е и владината делегација која ќе присуствува во Смилево.
Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Владата го задолжи Министерство за здравство, преку Комисијата за заразни болести да обезбеди протокол за организација на државните настани во време на пандемија.