Филипче ќе го потпише КОВАКС механизмот за пристап до вакцина против коронавирус
Владата на денешната седница го овласти Филипче да ја потпише изјавата и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.
Вакцина за сите?
КОВАКС механизмот е договор на Светската здравствена организација и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација со сите потенцијални пронаоѓачи на вакцина, кога ќе бидат подготвени да ја дистрибуираат вакцината низ земјите потписнички рамномерно, додека не стигнат до 20 проценти од популацијата.