Мигранти држеле во заложништво други мигранти во Ваксинце
„Денеска, по претходно добиени сознанија дека во објект во село Ваксинце 2 непознати лица мигранти држеле поголема група на мигранти во заложништво, превземени се мерки и активности при што во напуштен објект се пронајдени 21 лице – мигрант од кои 2 сторитела од Пакистан кои се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти“, стои во извештајот на СВР Куманово.
Полицијата соопшти дека се работи на целосно расчистување на случајот и поднесување на соодветен поднесок.