ЕУ се надева на важен исчекор во односите Белград – Приштина
„Задоволен сум што можам да објавам дека Дијалогот Белград – Приштина повторно е придвижен и оти разговорите што почнаа во неделата ќе продолжат со втор состанок в четврток. Имаме широка агенда и договор за тоа за што мораме да разговараме за да дојдеме до правно обврзувачки договор за нормализација на односите помеѓу Приштина и Белград“, истакна Борел.
Тој додаде дека ЕУ и специјалниот претставник Мирослав Лајчак „направиле добра работа“ за продолжување на Дијалогот Белград – Приштина.
Лајчак:Дијалогот меѓу Белград и Приштина вратен на вистинскиот пат
Лајчак по вчерашната видео-средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека „Дијалогот е вратен на вистинскиот пат“ по 20 месечен застој.
Вучиќ и Хоти в четврток треба да се сретнат во Брисел.