Руската Црноморска флота го следи НАТО во Црното Море
Руската Црноморска флота ги следи движењата на бродовите на НАТО во Црното Море, објави руското Министерство за одбрана. Црноморската флота започна со набљудување на активностите на акцијата на НАТО силите, кои влегоа во Црното Море на 7 јули 2020 година. Станува збор за бродови миноловци на грчката, шпанската и италијанската морнарица.
Руската црноморска флота на готовс поради вежбата на НАТО „Морски штит“
Последниот пат кога руските вооружени сили ги набљудуваа активностите на НАТО во Црното Море беше на 17 јуни, кога американскиот ракетен уништувач „Портер“, кој е распореден во американската база во Шпанија, влезе во областа. Бродот е опремен со ракетен одбранбен систем и е вооружен со крстосувачки ракети Томахавк.