Фетаи: Законот за ЈО значи дека борбата за правда продолжува
Со стапување во сила на новиот Закон за Јавно обвинителство ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува, порача денеска обвинителката Фатиме Фетаи по денешното рочиште за „Монструм”.
„Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот. Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме зависи од сите обвинителите“, рече Фетаи, која беше поранешна обвинителка во СЈО.
Предметите на СЈО ќе имаат завршница, убедува Јовески
Специјалното јавно обвинитество од денеска и официјално згаснува со стапување во сила на новиот Закон за Јавното обвинителство.