Спасовски - Нема потреба од вонредна состојба, избори мора да има
„Во моменти кога не може да се договорат политичките лидери настапуваат институциите на државата. Веќе нема причина за нова вонредна состојба во државата, уредбата предвидува дека 22 дена по завршувањето на вонредната состојба треба да се одржат изборите. Сите политички субјекти ги повикувам да излезат на политичкиот мегдан и да ги соочат своите концепти за иднината на државата и на основа на тие концепти да побараат поддршка од граѓаните“, рече премиерот Спасовски.
Заев согласен за избори на 8 јули
Вечерва истекува четвртата по ред вонредна состојба, а лидерите на политичките партии се уште не се договорила за датумот за избори.