Рамазан Бајрам во време на пандемија со 42 часовен карантин
Денеска муслиманите во Македонија, како и во целиот свет го слават празникот Рамазан Бајрам. По едномесечен пост во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во џамиите се служи Бајрам –намаз. Честитките за овој верски празник почнуваат по завршување на Бајрамската молитива која оваа година како резултат на пандемијата со ковид-19се одвива под мерки и упатства дадени од страна на здравствените власти за носење на заштитна маска и почитување на физичка дистанца од минимум 1,5 метар.
Слични препораки до имамите и советите на џамиите упати и Исламската верска заедница (ИВЗ), која донесе одлука оваа молитва годинава да не трае повеќе од 15 минути, односно при присуство во џамиите верниците да ги почитуваат дадените упаства. Станува збор за мерки како што се почитување на физичкото растојание, употреба на заштитни маски и сопствени сеџаци (простирки за молитва) и земање адест во домовите.
Како првевенција од ширење на коронавирусот и почитување на физичката дистанца, за Бајрамската молитва се апелираше да се користат дворовите на џамиите. Денеска според одлуката на Владата полицискиот часќе почне во 11 часотсо што би требало да биде отежнато вршењето на посети напоширок круг на роднини и пријатели. Освен здравствените институци, и имамите и оџите упатија апел до верниците за редуцирање на бројот на посети на овој голем ден за муслиманите, се со цел да се заштити здравјето на граѓаните.