Иринеј: Црногорската држава спроведува прогон кон СПЦ
Како штои јави дописникот на МИА од Белград, Иринеј во телефонскиот разговор со Вучиќ, оценил дека „црногорската држава спроведува прогон кон Српската Православна Црква“, додека српскиот претседател „дал полна подршка на СПЦ во Црна Гора, во напорите сите проблеми да се решаваат со дијалог, на мирен начин и со уважување кон СПЦ.“
Црна Гора уапси епископ на СПЦ за организирање литија во пандемија
Вучиќ изразил уверување дека епископот Јоаникије и другите уапсени свештеници ќе бидат ослободени што е можно поскоро.
На епископот Јоаникије одреден му е притвор до 72 часа по рочиштето во Основното јавно обвинителство во Никшиќ заради литургијата во тој град, во која се собраа неколку илјади граѓани, а која се одржа и покрај забраната за јавни собири во Црна Гора.