Пауновски: Не ги отворајте рестораните без да има одлука
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, денеска апелираше да се почитуваат одлуките за забрана за работа се до официјално соопштување на најавените промени.
Многу ризици за малку пари
„Многу објекти се осмелија дури и во полициски час да отвораат и да се собираат луѓе. Се што правиме е за здравјето на луѓето“, рече Пауновски на редовната прес-конференција на Инспекцискиот совет и побара угостителите да не ги отвораат објектите додека не се донесе одлука за тоа.