Почна Рамазанскиот пост
Верниците од исламска вероисповед во 03:50 часот го почнaа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 23 мај. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување.
Спасовски: Рамазан да се прослави во кругот на семејството
По рамазанскиот пост, на 24 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.