Направени 639 вонредни надзори на здравствени установи
Во контролата било проверувано дали здравствените работници се соодветно опремени со лична заштитна опрема, дали има доволно од опремата, дали има доволно средства за дезинфекција, просторија за изолација за пациент кој би можел да биде позитивен на коронавирусот, дали има соба за тријажа и набљудување.
„Само кај многу минимален дел од нив билe констатирани неправилности и биле издадени решенија за нивно отстранување“, изјави директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова во „Само интервју“ на Канал 5.
Во изминатиот период Државниот санитарен инспекторат има издадено и решенија за ставање под надзор за домашна самоизолација на 3.603 лица, контакти на лица позитивни на коронавирус, но и 902 решенија за лекување во домашни услови, во случаи кога лекарите процениле дека нивната состојба дозволува такво лекување.