Акцизата на нафтените деривати се покачува за 3 денари
Зголемувањето на акцизата, рече Хоџа, нема да предизвика дополнителни импликации ни за правните субјекти ни за населението, со оглед на намалувањето на цената на нафтата на светските берзи. Хоџа исто така најави дека акцизата постепено ќе се намалува како што ќе се намалуваат условите.
Зголемена акциза - алтернативна мерка за полнење на буџетот?
„Ако цената на нафтените деривати се зголеми за 10 денари, акцизата ќе се намали за еден денар, а ако се зголеми за 20 денари, акцизата ќе се намали за три денари, односно ќе се врати на претходната цена“, рече Хоџа.
Владиниот портпарол рече дека Северна Македонија има најниска цена на акцизата во споредба со други земји, вклучувајќи ги и оние од ЕУ, како и најниска цена на нафтените деривати во регионот. На прашањето, зошто Владата не донесе одлука за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со таа на дизелот, како што бараше Стопанската комора, Хоџа рече дека ефектот од таквата мерка би бил речиси никаков.