Отец Ангеловски и муфтија Качалнику: Вековниот соживот продолжува
„Ние, како млади раководители на верските заедници во Дебар, имаме одговорност овие добри односи да продолжат и кај младите генерации. Со оваа средба каде упатив честитки за сите првославни верници имаме обврска да го задржеме заедништвото на нашите претци, кога и Бајрам и Велигден ги славеле заедно“, рече муфтијата Качалнику. Тој додаде дека и денеска „кога живееме во овие услови на пандемија од Коронавирусот, продолжуваме да се почитуваме и да ги честитаме празниците оти вака во Дебар било низ векови“.
Како што јави нашиот дописник од Дебар, отец Ангелвоски се заблагодари за посетата на муфтијата по повод Велигден и додаде дека почитувањето на луѓето на овие простори било секогаш без разлика на верската припадност. Ангеловски подвлече дека заедништвото било и ќе остане помеѓу жителите на овој град кој знаел да ги почитува сите вери .
„Верската толеранција продолжува во Дебар и овој град е добар пример за сите други наши градфови во земјава“, нагласија отецот Ангеловски и муфтијата Качалнику.