Рекордно зголемување на заразени во Русија за 24 часа
Рускиот оперативен штаб за борба против заразата денеска соопшти дека бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија се зголемил за 1.175 во текот на изминатите 24 часа, и сега изнесува 8.672 во 81 од 85 региони на федерацијата. Тоа е рекорден број нови случаи на ден во Русија.
„Во изминатите 24 часа оздравеа 86 лица. Вкупно закрепнати има 580 лица. Пет пациенти починаа во изминатиот ден и 63 за целиот период во Русија“, се вели во соопштението.
Русија со двоен пораст на заразени од почетокот на епидемијата
Во Москва се регистрирани нови 660 заразени со новиот коронавирус, со што во главниот град на Русија сега има 5.841 инфицирани.