Османи: Респиратори од ЕУ, Норвешка и Кина, помош доаѓа и од Брисел
Наскоро Македонија ќе добие 55 респиратори, а ќе има уште од Кина, која во моментов е „преплавена“ од барање за респиратори од многу земји. Обезбедивме 25 респиратори од амбасадата на Норвешка, и се наоѓаат во депо во Турција, и сега преговараме како да ги транспортираме до тука. Од фондот на ЕУ добивме 30 респиратори, и тие се во Кина, исто така бараме начин како да ги донесеме, информираше денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
„Имаме позитивен одговор за респиратори од Кина, но поради фактот што 100 земји бараат респиратори од таа земја, не можам да го знам точниот број на респиратори кои ќе ги добиеме од Кинезите. Во разговор со еврокомесарот за проширување Вархеј, ќе ги активира итно 4 милиони евра помош за здравството во справување со коронавирусот. Сметам дека датумот за почеток на преговори дојде во вистински момент, и можеме да сметаме на оваа помош“, изјави Османи на денешната прес-конференција“, рече Османи.
Влада: Пријавете непочитување на анти-корона мерките
Вицепремиерот Османи, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна и на одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Тој рече дека не може да се каже датумот на почеток на преговорите и одржувањето на првата заедничка владина конференција поради глобалната ситуација со коронавирусот, но дека одлуката за преговори е нешто многу значајно по 15 години чекање.