Македонски државјани не полетале кон дома откако дознале дека ќе бидат во државен карантин
„Се работи за големи трошоци, голема организација, нема да може државата редовно да врши организација на вакви хуманитарни конвои. Ние мораме сега да помогнеме. Не е време за патување во странство“, рече на денешната прес-конференција во Владата министерот за надворешни работи Никола Димиров.
Граѓаните, рече министерот, можат да се пријават на е-маил адресите и телефоните на ДКП на РСМ во земјите каде што се наоѓаат или во најблиското во соседната земја или во земјата од регионот.Тој појасни дека пред неколку денови МНР упатило апел до нашите граѓани кои се затечени меѓу граници, на аеродроми кои што се затворат или се откажуваат летови, на кои што им треба помош за да си дојдат дома и оти по направениот пресек има околу 2.300 македонски граѓани низ целиот свет. Основната концентрација, рече, е во европските земји.
Спасовски: Се подготвува план за враќање на граѓаните затекнати во странство
Владата, појасни Димитров, одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи со хуманитарните летови да бидат во задолжителен државен карантин во траење од минимум 15 дена за истовремено покрај државниот интерес да си дојдат дома и заштити здравјето на населението што е веќе во татковината. Министеротинформираше дека вчера во Црна Гора бил направен обид да се донесат група наши граѓани кои биле во Истанбул и да ги качат на хуманитарниот лет од Владата на Црна Гора, но штом чуле дека ќе бидат во задолжителен карантин ниту еден од нив не сакал да ја искористи оваа можност.
„Ова ако е индиција и илустрација можно е оваа бројка на наши граѓани и да опаѓа. Бројките ќе варираат“, рече Димитров.
Владата денеска ќе одлучува за построги рестриктивни мерки