Балканската мигрантска рута нема да се отвори
Македонските институции се подготвуваат за справување со евентуален нов бран на бегалци и мигранти, по случувањата на грчко-турската граница, каде мигранти се обидуваат да ја преминат и да влезат на грчка територија. Состојбите се следат внимателно, но се исклучува она што се случи 2015 кога Балканската рута беше отворена.