Спасовски: не се очекува зголемен мигрантски бран
Засега нема очекувања дека може да дојдеме во ситуација на зголeмен мигрантски бран, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски. Според него, системот за добро справување со евентуално миграциска криза функционира постојано и сите надлежни институциисе се максимално посветени на справување со евентуален зголемен број мигранти.
“Ние сме транзитна земја, имаме два транзитни центра, Винојуг и Табановце и ако дојде до какво било отворање на рутата односно зголемување на бегалци низ Република Северна Македонија може само да транзитираат или да се донесе времен престој до 72 часа“, рече Спасовски.
Грција: ситуацијата на границата со Турција е закана за безбедноста на земјата
Тој информираше дека изутрината Управувачкиот комитет на седница разговарал подетално за оваа состојба, како и дека службите следат и на дневна основа информираат, а соработката со државите од опкружувањето во овој регион е добра и со нив има постојана комуникација.
„Очекувам дека договорот помеѓу ЕУ и Турција ќе продолжи понатаму да функционира и да се реализира и заеднички ќе имаме можност добро да ја имплементираме целата оваа кризна состојба“, наведе Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
Инаку, од минатата недела на границата меѓу Турција и Грција има зголемен број бегалци и мигранти кои се обидуваат да влезат на грчка територија, но грчката полиција ги спречува.
Мицотакис утре со лидерите на ЕУ во посета на грчко –турската граница