Времето сончево, од утре дожд
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во раните утрински и претпладневни часови ќе има локален слаб дожд во западните делови. Ќе дува умерен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец.
Утринската температура се движи од еден до шест, а дневната ќе биде од девет до 21 степен.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат в среда. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.